По барање на граѓаните кои што живеат во околните станбени згради, надлежните служби вчера интервенираа отстранувајќи дрво во дворот на детската градинка на ул. „Никола Карев“. Дрвото било оштетено во снежносо невреме и се навалило, поради што постоела опасност од паѓање. Заради безбедност на децата од градинката и граѓаните дрвото е отстрането.


Пресечено опасно дрво во кругот на градинката

OhridNews
фото: Васко Бујароски