По малата пауза денеска и утре продолжуваат натпреварите во фудбалската Лигс на шампиони.

Два натпревари посебно ќе бидат во фокусот. Првиот е вечерва во Милано каде се среќаваат Интер и Ливерпул.  Интер кој е во добра форма во Сериа А, доживеа болен пораз во претходното коло од Атлетико Мадрид во судиското продолжение. Ливерпул, пак, е во голема криза која кулминираше со отстранување на Мохамед Салах од екипата кој изрази јавно незадоволство од статусот во клубот и односот со тренерот Слот.

Вториот дерби меч се игра утре вечер во Мадрид каде Реал го пречекува Манчестер Сити. Кралевите се во лоша форма, а се ппгласни се шпекулациите за смена на тренерот Алонсо на што во голема мера може да влијае и исходот од натпреварот со Сити.

Г.М.