Полицијата поднесе кривични пријави против шест лица од Македонија и Албанија за сторено кривично дело „криумчарење“.
Тие се товарат дека нелегално пренесувале риба крап и плашица уловена во Преспанското Езеро.
Во неделата околу 8 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај крстосницата за Отешево сопрени биле две патнички возила во кое биле пријавените, а по извршен преглед во багажниот простор пронајдени биле пластични садови и кеси со риба.
Од информативниот разговор со лицата било утврдено дека тие имале намера да продаваат риба на плажите во Охрид.












