Во наредните шест години ќе се спроведува новиот Проект за заштита на Преспанското Езеро, кој беше промовиран вчера во Ресен.

Проектот кој заеднички ќе го спроведуваат УНДП и Општина Ресен, со финансиската поддршка  од Швајцарската агенција за развој и соработка, според најавите на надлежните институции, ќе овозможи поголема грижа за животната средина и бројни придобивки за локалното население.

Се очекува, исто така, проектот да овозможи одржлив развој на Преспа.

OhridNews