Преспанското Езеро меѓу десетте најважни водни живалишта во Медитеранот
09.07.11 15:36
Магичниот езерски предел кој се протега во прегратките на планините, многуте ретки видови птици и животни од кои голем број се единствени и во светот, ја изразуваат посебноста на преспанскиот регион, беше истакнато на изложбата посветена на Малото и Големото Преспанско Езеро, што денеска беше отворена во Информативниот центар на Националниот парк „Галичица“ во Стење. На неа беа изложени видовите риби кои живеат во овие езера.
Рибната фауна претставува едно од главните карактеристики на Преспанските езера, пред се поради нејзината единственост. Во Малото и Големото Преспанско Езеро живеат 23 видови риби, од кои девет видови се ендемски, што значи се наоѓаат само тука и никаде на друго место во целиот свет. Поради тоа се заштитени од Европската и националната легислатива. Оваа едниствена рибна фауна воедно го класифицира Преспанските езера меѓу десетте најважни водни живалишта во Медитеранот.
Изложбата со наслов “Богатството на нашите езера” цели да укаже на особеностите на рибната фауна во Преспа и да ја истакне каталитичката улога на човекот во нејзиното одржување. Рибарите, одгледувачите на добиток, земјоделците, научниците, посетителите, корисниците на езерото (во поширока смисла), треба не само да ги познаваат аспектите на ова природно богатство во регионот, туку и целисходно да придонесуваат кон зачувувањето на истото. А за да ги сочуваме рибните видови, пред се, треба да обезбедиме добра состојба на нашите езера, велат од Нционалниот парк „Галичица“.
На 04102026 во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во авто-камп на крајбрежјето на Охридско Езеро настанал пожар во камп приколка сопственост на 44-годишно лице од Скопје При обид за гаснење ...
Правото на потекло е основно човеково право, а сегашното законско решение ги принудува посвоените да живеат во лага и системска тајност, велат од Здружението за заштита, помош и унапредување на ста...
Општина Охрид донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ „Стратегија за развој на туризмот на Општина Охрид“ за периодот 2026–2030 година Како засегнати органи од импл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.