На 31-ви март престана да важи дополнителниот рок за забрана за ловење на пастрмката во Дебарското езеро, пренесува „Макфакс“.

Според претставниците на единицата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, сега во езерото може да се лови секој вид на риба, со дозвола на концесионерот во согласност со законските одредби.

Дополнителната забрана за риболов на пастрмките, беше воведена во месец јануари по истекување на редовниот рок за лов на пастрмка заради продолжено мрестење на овој вид на автохтона риба во Дебарското езеро.

За време на забраната за риболов на автохтоната пастрмка, концесионерот на Дебарското езеро „Охридска пастрмка“, видно ги зајакна контролите врз езерото.

OhridNews

извор:„Макфакс“