Државниот трудов инспекторат по извршениот увид констатирал дека договорот за вработување на новинарката Тамара Чаусидис во Алсат-М телевизија бил раскинат согласно член 62 од Законот за работни односи, односно, спогодбено, соопшти Министерството за труд и социјана политика.

При контролата не биле утврдени повреди на законот и поради тоа, како што се наведува во соопштението, Државниот инспекторат за труд нема основ за понатамошно постапување.

Новинарката Чаусидис останува на ставот дека правдата ќе ја бара на суд, посочувајќи дека никогаш не  потпишала таква спогодба. Таа и натаму тврди дека единствена причина за отказот е нејзината активност како синдикален лидер.

Чаусидис најави дека волонтерски ќе продолжи да раководи со Синдикатот на новинарите и медиумските работници, истакнувајќи дека сега ќе има повеќе време и мотивација да го заживее синдикализмот.

Тамара Чаусидис деновиве беше отпуштена од Алсат М телевизија.

OhridNews