Мета лург со пресврт ја совлада Брегалница во прволигашката пресметка во Охрид, благодарение на “парот“ на новајлијата Начевски во вториот дел. Брегалница во предност дојде на стартот  од мечот по грешката на потесната одбрана , по што профитираше Велинов . Металурзите креираа повеќе прилики во првиот дел но не успеаа да ја затресат мрежата на Алчинов.



Она што не им успеваше во првиот дел им појде “од нога“ во вториот. По десетминути игра одличната комбинација на Илјоски  и Начевски, со маестрелен лоб удар со погодок ја круниса новата “14“ во тимот.

“Зелените“ продолжија да напаѓаат,а слично како и Брегалница во предност дојдоа по недорабирањето на последниот одбранбен ред. Начевски беше на вистинското место и ја смести топката во празната мрежа.

–    Примивме ефтин погодк кој не смее да се случи во првенството.Успеавме да се консолидиравме, притиснавме и до крајот успеавме да победиме – рече капитенот Вајс.