Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа победа 2-1 со пресврт на гостувањето во Хофенхајм против истоимената екипа во втората рунда од Бундес лигата.


Домашната екипа поведе уште во првата минута постигнувајќи го најбрзиот погодок во историјата на германскиот фудбал.


„Баварците“ од почетниот шок се созедоаја во 41-та минута кога израмнија на 1-1 со голот на Томас Милер.


Во 73-та минута Баерн Минхен се најде во нова незгодна ситуација откако Жером Боатенг доби втор жолт автоматски црвен картон по стартот во казнетиот простор.

Хофенхајм не го реализираше ударот од белата точка, а казната ги стигна во судиското продолжение кога Левандовски погоди за 2-1 и конечна победа.


Резултати : Ајнтрахт – Аугзбург 1-1, Хановер – Леверкузен 0-1, Хофенхајм – Баерн Минхен 1-2, Келн – Волфзбург 1-1, Шалке – Дармштад 1-1, Хамбургер – Штутгарт.

Мх.П.