Европскиот првак Реал Мадрид со 3-1 ја совлада Барселона во „Ел Класико“ кое се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.
Каталонците одлично го отворија дербито погодувајќи за предност во 4-та минута преку Нејмар.
„Кралевите“ во 35-та минута го изедначија резултатот откако Кристијано Роналдо во погодокот го претвори ударот од белата точка.
На стартот од вториот дел Реал Мадрид го презеде водството по голот на Пепе од корнер.
Барселона се фрли на една карта, а веднаш „лос бланкос“ со убоита контра го казнија лутиот ривал.
По овој триумф „кралевите“ заостануваат еден бод зад Барселона, која е лидер на табелата со 22 бодови.
Мх.П.