Франческо Тоти со два погодоци во 86-та и 89-та минута донесе значајна победа за Рома на Олимпико против Торино 3-2 во 34-та рунда од Серија А.
Капитенот на „волчицата“ со двата голови за победа се погрижи за дополнителна конфузија во екипата по гласините за неговото заминување.
После овој меч по кој „џалоросите“ зачекорија кон Лигата на Шампиони, а сигурно и навивачите ќе застанат на страната од Тоти кој е жива легенда на клубот.
Резултати: Сасуоло – Сампдорија 0-0, Киево – Фросиноне 5-1, Емполи – Верона 1-0, Џенова – Интер 1-0, Јувентус – Лацио 3-0, Палермо – Аталанта 2-2, Рома – Торино 3-2, Удинезе – Фиорентина 2-1.
Табела: Јувентус 82, Наполи 73, Рома 68, Интер 61, Фиорентина 59…
OhridNews