Барселона реванш натпреварот со Челси во 1/8 финалето ќе го одигра во најсилен состав, откако на тренинзите се врати капитенот Андрес Иниеста.

33-годишниот фудбалер го залечи бутниот мускул кој го повреди на дерби средбата со Атлетико Мадрид во рамките од шпанската Ла лига.

Заедно со Иниеста на тренинзите се врати и Лионел Меси кој беше ослободен од клупските обврски поради породувањето на неговата сопруга.

Каталонците дуелот со Челси ќе го започнат со гол предност поради погодокот кој го постигнаа во Лондон во ремито 1-1.

OhridNews