Лошата комуникација и драмата меѓу Бастијан Шванјштајгер и Жозе Мурињо заврши со среќен крај за Манчестер Јунајтед и неговите навивачи.


Португалскиот стручњак го сврсти сега веќе поранешниот германски репрезентативец меѓу 25-те фудбалери за есенската полусезона во Премиер лигата.

Ова значи дека Германецот ќе му се приклучи на првата екипа, затоа што до сега тренираше со втората односно младинскиот состав.

Швајнштајгер никогаш јавно не ја прокоментира одлуката на Мурињо и со неговата посветеност на тренинзи во Б екипата ги освои симпатиите на „црвените ѓаволи“.

Според германските медиуми, популарниот „Басти“ одбил неколку понуди за заминување од Манчестер Јунајтед, а самиот фудбалер неодамна изјави дека англискиот премиерлигаш ќе му биде последен клуб во Европа.

OhridNews