Претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.
OhridNews











