Претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во текот на утрешниот ден ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.
OhridNews











