Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во Охрид времето денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

До утре ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено утре. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

OhridNews