Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Охрид претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.
OhridNews