Умерено до значително облачно. Од пладневните часови претежно во западните делови ќе има повремен локален слаб дожд, на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на слаб краткотраен дожд. Во почетокот на новата работна седмица ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
OhridNews











