Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Во Охрид времето денес претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 14 степени.

За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

OhridNews