Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи, утре, времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура во Охрид ќе биде -5, а максималната до 5 степени.

Сончево ќе биде и во наредните денови. Можна е мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во петок ќе има утринска магла по котлините. Mаксималната температура во Охрид ќе биде 8 степени целзиусови.

OhridNews