Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 19 степени.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 19 степени.
Г.М.