Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, процеси кои локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време со наврнати над 20 литри на квадратен метер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Охрид времето денес облачно, во пладневните часови со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град.

OhridNews