Во текот на ноќта преовладуваше ведро време со мала до умерена локална облачност. Утрово е претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура во Охрид изнесуваше 9 степени.

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 22 степени.

OhridNews