Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Како што најави УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Охрид претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.
И во следните денови ќе се задржи променливо облачно и топло време, во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме кога поројниот дожд ќе биде проследен со силен ветер и појава на град.
OhridNews