Времето во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Охрид претпладне сончево, попладне со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Како што најавуваат од УХМР, денеска и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе бидат без поголема промена.
OhridNews