Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 28 степени.

Во четврток ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 15 степени, а максимапната ќе достигне 27 степени.

Г.М.