Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Од недела следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

OhridNews