Есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад доаѓа до самиот крај. До финишот на првата етапа остануваат уште две рунди, а една од нив се игра викендов.

Водечката екипа на табелата Охрид Лихнидос гостува кај тимот на Кравари, додека тимовите на Сатеска и Лакочереј кои се борат за опстанок имаат многу поважни средби. Фудбалерите на Сатеска на домашен терен го пречекувааат составот на Новаци, додека Лакочереј гостува во Заграчани кај екипата на Лирија.

Охридските бели на дуелот со Кравари ќе отпатуваат со епитетот есенски шампиони и голема обврска да ја одбранат фаворитската улога. Мечевите се играат в недела со почеток во 13 часот.

Двојки: Црно Буки – Караорман, Сатеска – Новаци, Октиси – Преспа, Кравари – Охрид Лихнидос, Лирија Заграчани – Лакочереј, Велешта – Фљамуртари, Лирија Грнчари – Влазними

Табела: Охрид Лихнидос 31, Лирија Грнчари 21, Велешта 19, Преспа 18, Караорман 17, Влазними 17, Црно Буки 17, Кравари 16, Лирија Заграчани 15, Сатеска 14, Октиси 12, Лакочереј 10, Новаци 9, Фљамуртари 7.

OhridNews