Од денес, па наредните неколку дена екипите на Јавна хигиена при Ј.П. „Охридски Комуналец” ќе бидат ангажирани на расчистување на јавните површини низ цела територија на општина Охрид. Активностите започнаа со хортикултурно уредување, косење и метење во стариот дел на градот и во село Подмоље, а ќе бидат опфатени и другите охридски села со чистење и уредување пред предстојниот празник.

Акциите ќе траат до четврток, по што ќе следи и чистење на магистралниот пат Охрид–Св. Наум.

OhridNews