Народниот театар од Охрид денеска, 4-ти декември, претпремиерно ќе ја изведе претставата „БААЛ“, работена по дело на Брехт, а во режија на Андреј Цветановски.

Во претставата играат:

Горан Стојаноски
Никола Тодороски
Јасмина Билаловиќ
Адријана Билаловиќ Тодороска
Дамјан Цветановски
Стрезо Стаматовски
Биљана Билаловиќ Вељаноска
Павел Маслов
Филип Кипровски
Тони Денковски

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.

Претпремиерата на претставата започнува во 20:00 часот, а премиерата е утре, вторник, исто така во 20:00 часот.

Картите за двете претстави се пуштени во продажба, по цена од 200 денари за претпремиера и 300 денари за премиера. 

OhridNews