На 31.07.2026 во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода е лишено 39-годишно лице од Скопје.

При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

OhridNews