На 08.02.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 36 годишно лице од Охрид, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната, додаваат од МВР.

Воедно информираат дека тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews