На 17.08.2023 во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 28-годишно лице од Велес, со привремен престој во Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

OhridNews