Приведено лице од Струга по претрес во неговиот дом каде било пронајдено оружје.

На 27.10.2021, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода 49 годишно лице од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

OhridNews