На 14.07.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга од слобода лишија 69 годишно лице од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „Browing“ со калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми, кои нелегално ги поседувал. Воедно, поради предвидено поведување управна постапка, одземени се и 164 куршуми, две ловечки пушки, еден пиштол и едно пневматско оружје, за кои поседувал соодветна дозвола, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, посочуваат, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од кривичниот законик „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“.

OhridNews