На 19.11.2026, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 47-годишно лице од с.Франгово, струшко.

Полициски службениците од ОВР Струга во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, со наредба од Основен суд Струга, извршиле претрес во просториите кои ги користи лицето, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, информираат од МВР.

Додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

OhridNews