Претседателите на МАНУ и САНУ во посета на Пупиновата куќа во Вевчани
13.06.13 14:47
Наредните два дена во Вевчани ќе престојуваат претседателот на Српската академија на науки и уметности, академик Никола Хајдин и академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ.
Нивни домаќин ќе биде градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски, а гостите ќе престојуваат во спомен- куќата на познатиот научник и доктор по физика Михајло Пупин, чие семејство ја изградило куќата во далечната 1880 година, по преселувањето од Москополе- Албанија.
– Двајцата академици веќе го потврдија своето доаѓање во Вевчани, а од наша страна како домаќини ќе направиме се за нивниот престој да биде што попријатен. Ваквите посети на видни гости се чести во Вевчани. Неодамна, академик Владо Камбовски престојуваше со членови на МАНУ, вели градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски.
Тема на разговорите на претседателите на македонската и српската академија на науки и уметности, ќе бидат научните достигнувања на познатиот научник.
Спомен куќата на Пупин за јавноста беше отворена во 2008 година, како сместувачко-угостителски објект со музејска поставка за неговиот живот и дело.
Отсекот за превенција при СВР Охрид почна со спроведување на превентивна кампања за безбеден сообраќај, насочена кон мотоциклистите, велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети При...
Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека од Брисел добил позитивни вести во врска со долгогодишниот проблем со кој се соочуваат македонските превозници и професионалните возачи Сам...
Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битол...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.