На почетокот на јуни, претседателите на поранешните братски републики Србија и Хрватска, Томислав Николиќ и Иво Јосиповиќ, ќе ја остварат својата прва средба во Охрид, соопштуваат од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов за „Танјуг“.

Како што велат од кабинетот на Иванов, средбата ќе биде дел од Самитот на претседатели на држави, кој на 1-ви јуни ќе се оддржи во Охрид.

Инаку, оваа информација ја потврди и потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ, но засега учеството на овие две земји на Самитот се уште не е потврдено.

OhridNews