Претседателката Сиљановска Давкова го прими литванскиот диригент и виолинист Џулијан Рахлин кој ќе настапи на отворањето на „Охридско лето“
12.07.24 13:06
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид, го прими раководството на македонската меѓународна музичко-сценска манифестација „Охридско Лето“ и литванскиот диригент и виолинист Џулијан Рахлин кој ќе настапи на вечерашното свечено отворање на 64. издание.
Посакувајќи му добредојде и успешен настап на реномираниот уметник од Литванија, претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со импозантната и долгогодишна меѓународна музичка кариера на Рахлин и изрази задоволство што врвен и баран уметник на сите светски меридијани ќе настапи заедно со оркестарот на македонската филхармонија на свеченото отворање на оваа наша значајна музичка манифестација.
Претседателката изрази очекување дека со својот перформанс уметниците ќе остават посебен белег и силен впечаток на годинашното издание на „Охридско лето“. Таа изрази уверување дека богатиот уметнички репертоар на претстојните фестивалските вечери ќе ги задоволи музичките апетити на домашната и на меѓународната публика.
На средбата, на која што присуствуваа министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, како и директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека „Охридско лето“ како еден од најпрепознатливите и најквалитетни културни настани во поширокиот регион, има сериозен влог во македонската култура и меѓународната афирмација на земјава.
Ракометарите на Охрид забележаа руринска победа во 4 коло од Супер лигата над Прилеп Вечерва во салата „Билјанини извори ГРК Охрид славеше над Прилеп 34:18, полувреме 18:09 Охрид сериозно влезе во ...
Д-р Орхидеја Тасевска повторно е избрана за директорка на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, потврди таа за Охридњуз Со изборот ќе продолжи да раководи со институцијата и во наредниот мандат од 4 год...
Пријавувањето на специјализанти на повикот од Министерството за здравство со кој се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на 20...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.