Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска како врховен командант на Армијата, ги посети армиските припадници од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.

Откако видов, сега ми е јасно зошто нашата армија ја ужива највисоката доверба кај граѓаните. Сигурно она што го видов граѓаните го чувствуваат, најчесто од своите блиски… Сум знаела дека нашето учество во бројни мисии е заслужено, знам колку награди добиле овие луѓе, но сега на лице место видов што се можат да направат. Уште еднаш, зборови на немерлива почит, горда сум што сум командантка на овие луѓе, на нашите вооружени сили, посакувам да нема потреба да бидат употребени, но знам дека оваа земја треба да се чувствува безбедно, рече претседателката.
Таа истакна дека посакува во сите области, во владеењето на правото, во развојот на демократијата,но независното судство, во образованието да се достигнат стандардите што ги поседуваат специјалните единици на Армијата.

Елитизмот не значи да сте на некоја висока функција, туку да сте прв во својата струка, во професијата, а тоа трбе ада важи и за политиката, рече таа.

OhridNews











