Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски денеска до собраниската архива поднел барање за престанок на функцијата, а оставки поднеле и членовите на ДИК предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, потврдуваат од парламентот за МИА.

Чичаковски рекол дека оставката е негов личен чин. Оставките доаѓаат откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК земале високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси, а беше направена и интернет петиција за оставка на членовите на ДИК. Мандатот на овој состав истекува во 2020.