Претседателот Иванов бара да се расветли случајот „Слупчане“
15.08.12 13:56
Во врска со последниот настан во Слупчане, кога делегација предводена од министерсот за одбрана Фатмир Бесими, а во која имаше и униформирани претставници на АРМ, се поклони пред споменикот на паднати припадници на ОНА, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, оценува дека не биле испочитувани институционалните правила и процедури.
Униформираните лица во придружба на Министерот за одбрана, не се во формацискиот состав на Армијата на Република Македонија, туку членови на Кабинетот на министерот, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
-Претседателот Иванов побара од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност. Исто така, претседателот бара од сите фактори да не ја злоупотребуваат Армијата на Република Македонија и употребата на армиската униформа за политички, партиски, или какви било други цели, стои во соопштението.
Според министерсот Бесими, положувањето цвеќе на споменикот на загинатите припадници на ОНА во Слупчане, претставува чин на помирување во духот на Охридскиот рамковен договор кој е составен дел од Уставот на Република Македонија.
Реагираше и Генералштабот на армијата, од каде информираат дека министерот за одбрана не се координирал со армискиот врв во врска со настанот во Слупчане.
СУП клубот Охрид се приклучува на Генералка Викенд За утре ја најавуваат првата супер чистка за годинава Тргнуваме од Канео до Грашница, ги чистиме околните плажите и места достапни само по вода СУ...
Граѓаните на Дебрца се посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Креме...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга, против 44 годишно лице од Струга, управител на правното лице и против 54 годишно лице, вработена во правното лице поради постоење о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.