Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера вечер ги додели сертификатите на учесниците на 10. Школа за млади лидери, што по негова иницијатива, се одржа од 11 до 22 февруари во Струга.

Овие нивни искуства, сознанија и вештини ќе ви помогнат во животот кога се наоѓате во слични ситуации да наоѓате решенија. Да знаете како да создадете тим на луѓе кои ќе ве следат, на кои ќе им понудите решенија. Никој пат да не се обесхрабрувате и секој пат да гледате кон тоа што доаѓа. – рече претседателот Иванов пред младите лидери во Струга.

Меѓу предавачите на годинешната Школа за млади лидери беа Пинар Ајваз Арикан, Генерален Директор на Turkish Airlines во Скопје, Штефан Петер, Претседател на извршниот одбор на ЕВН Македонија, Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, Љупка Арсова, Инженер за животна средина во Источната Истражувачка група, со седиште во САД, Разије Невзат, Координатор на Одделот за социјални медиуми и дигитален маркетинг на Источен Медитеран Универзитет, Хозе Антонио Моралес, директор на Lincoln Island Initiatives, со седиште во Словенија, Рашела Мизрахи од Бар Илан Универзитет, Израел, Методија Колоски, Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора, Тонис Нирк, дипломатски претставник за дигитална економија од Естонија, Ментар Махмуди, Експерт за вештачка интелегенција во Audi AG, Садат Алими, финансиски советник во PricewaterhouseCoopers и други.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани се овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.











