Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва ќе свика седница на Советот за безбедност во проширен состав. На седницата на Советот за безбедност, како што дознава Макфакс, субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и справување со кризната состојба, ќе го информираат претседателот на Република Македонија и членовите на Советот за безбедност за заканата од илегална миграција која доаѓа од територија на Европска унија и Шенген зона, како и со можностите за развој на заканата и зголемување на ризиците.

Седницата на Советот за безбедност на Република Македонија, се свикува по синоќешниот инцидент на нашата јужна граница, кога неконтролиран број на мигранти од територија на Европска унија и Шенген зона се обидоа илегално да ја преминат државната граница надвор од официјалниот граничен премин и да влезат во подрачје зафатено со кризната состојба.

OhridNews
извор Макфакс