Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, ќе го посети извидничкиот камп во село Скребатно, охридско, и ќе има обраќање на отворањето на 11-та извидничка смотра на Сојузот на извидници на Македонија, што ќе се одржи попладне на Античкиот театар во Охрид.

На смотрата што се одржува под мотото „Засекогаш млади“ во организација на Сојузот на извидници на Македонија, учествуваат над 500 извидници од земјава и странство.
 
Покрај во Охрид и охридско тие ќе имаат активности и во преспанскиот регион.

OhridNews