Претседателот Ѓорѓе Иванов, по одржаната промоција на “Прогласот“ од Константин Филозоф,  придружуван од градоначалникот Никола Бакрачески прошета низ охридската чаршија и низ стариот дел од градот, при што оствари контакти со граѓаните, а од страна на градоначалникот беше запознаен и за тековните и идни проекти на општина Охрид.

Градоначалникот Бакрачески и претседателот Иванов седнаа и на турски  чај во една од чајџилниците во старата охридска чаршија и го посетија  Зејнел Абидин Паша Теќето, едно од најпознатите светилишта на верниците со муслиманска вероисповед во Охрид.

OhridNews