Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска прими група претставници на семејства на лица исчезнати во воениот конфликт во 2001 година и ги сослуша нивните мислења и ставови.


На средбата, Претседателот Иванов изјави дека длабоко сочувствува со болката на семејствата. Претседателот апелира до сите политички фактори да се воздржат од злоупотреба на тешката положба во која се наоѓаат семејствата на цивилните жртви од конфликтот во 2001 година, информираат од кабинетот на Иванов.

OhridNews