Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до верниците и поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
– Овој голем светител е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Свети Климент Охридски е основоположник на Охридската книжевна школа, а како творец на кирилското писмо ги постави темелите на христијанството и на македонската писменост. Денешниот празник нè потсетува дека треба да продолжиме да ги негуваме неговата благородна мисија и традицијата на промовирање на православието кое се темели на љубовта, мирот, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста, се наведува во честитката на претседателот Иванов.
Претседателот Иванов напоменува дека одбележувајќи го Денот на свети Климент Охридски ги славиме писмото и пишаниот збор кои се од големо значење за македонскиот народ и за македонската држава, бидејќи со Климентовата просветителска мисија се продолжи делото на светите браќа Кирил и Методиј.
OhridNews