Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе им даде поддршка на македонските ракометари во дуелот со Полска на Европското ракометно првенство.

„Очекувам позитивен резултат. Син ми е задолжен за навивачките реквизити“, рече Иванов по денешната посета на фармацевтската компанија „Алкалоид“.

Претседателот Иванов најави дека престојот во Белград ќе го искористи и за средба со неговиот српски колега Борис Тадиќ.

OhridNews
извор: „Макфакс“