Синоќа во дводневна посета на Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија пристигна делегација на Федералната служба за контрола и движење на наркотици од Руската Федерација, предводена од г. Виктор Иванов – директор на Федералната служба.
За време на работниот дел од посетата ќе биде остварена тет-а-тет средба на Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со директорот Иванов. По завршување на средбата ќе биде потпишана Спогодба меѓу Федералната служба за контрола и движење на наркотици од Руската Федерација и МВР на Р. Македонија за соработка во борба против недозволената трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
По завршувањето на официјалните средби, руската делегација ќе замине за Охрид каде ќе биде примена од Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com